-Се викам Сандра мајка на Никодим кој има 3,5 години. Јас и мојот сопруг немавме 8 години деца и имавме голема голгота во животот. И конечно пред 3,5 години бевме најсреќните родители на светот затоа што на свет ни дојде НАШИОТ ДАР ОД БОГА ова прекрасно момче најубаво на цел свет кој се вика Никодим. За нас немаше поголема среќа од тоа затоа што конечно после 8 години станавме родители, ни се исполни најголемата желба на светот го имаме Никодим – стоеше во пораката на социјалните мрежи која во текот на вчерашниот ден ја трогна цела Македонија, а каде се бара помош за малиот Никодим од Прилеп, детенце кое итно треба да се оперира и чиј живот мораме сите заедно да го спасиме.
-Кога мислевме дека среќата е целосно на наша страна уживавме во сите моменти со Никодим, Никодим почна да се жали на ретки главоболки и повремено повраќање. Ние како родители мислевме дека е мало дете од 3 и пол години и му се присторува, но приметивме дека кога стои почнуваат да му се тресат рацете и нозете. Едноставно видовме промена кај нашето дете за неколку дена. ВЕДНАШ се обративме кај невролог кој по кажаните симптоми веднаш не испрати на Магнетна резонанса која ја направивме и од резултатот кој го добивме сме тотално во ШОК.
Докторот ни кажа дека нашиот Никодин има ИНФИЛТРАТИВНА ТУМУРСКА МАСА СО ДИМЕНЗИИ ОКОЛУ 52x46x43 и има изразен хифроцефалус.
Ние како родители сме во ШОК што му се случува на нашиот Никодим и се уште неможеме да веруваме дека нашето мало детенце кое има само 3,5 години има ТУМУР НА ГЛАВАТА И ХИДРОЦЕФАЛУС ЗА КОЈ ВЕДНАШ ПОД ИТНО Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ОПЕРИРА. НАШЕТО ДЕТЕ МОРА ПОД ИТНО ДА ЗАМИНЕ ВО Р.ТУРЦИЈА НА ОПЕРАЦИЈА НА ГЛАВАТА.
Ние како родители не сме моќни финансиски да ги платиме тие операции за нашето дете кое мораме да си го спасиме НАШИОТ ДАР ОД БОГА НАШИОТ НИКОДИМ. Затоа ве замолуваме сите вас познати и непознати да ни помогнете да си го спасиме нашето мало дете, НАШИОТ 3,5 годишен НИКОДИМ. ВЕ МОЛИМЕ КОЈ КОЛКУ МОЖЕТЕ ДА ДОНИРАТЕ, ДА СПОДЕЛИТЕ МНОГУ ЌЕ НИ ПОМОГНЕТЕ Секој кој би бил на наше место би молел за помош, ПОМОГНЕТЕ НИ, НЕ НЕ ОСТАВАЈТЕ САМИ ВО ОВАА БИТКА КОЈА ЗА НАС Е ПРЕТЕШКА ДОНИРАЈТЕ, СПОДЕЛЕТЕ СЕ РАБОТИ ЗА ЖИВОТОТ НА НАШИОТ НИКОДИМ – пишува мајката на Никодим.
Во објава на фондацијата “Павел Андреев Македонија”, семејството се заблагодарува на досега подадената рака од сите хумани граѓани, но поради сериозноста на дијагнозата семејството заедно со Никодим, на 30.септември стигнаа во болницата во Истанбул, каде што веднаш биле направени сите потребни испитувања и се констатирало дека состојбата е влошена.
-Хидроцефалусот напреднал многу (вода имаше премногу во главата) и веднаш мораше да се направи операција. Сега предстои втора операција каде што ќе се извади тумурот, потоа ќе чекаме патологија од тумурот за да знаеме што треба да превземеме понатаму – стои во објавата.
Затоа се’ уште е отворен повикот за донирање преку оваа платформа, а активни се и донаторските телефонски броеви на А1 и ТЕЛЕКОМ.
Ајде заедно да му овозможиме среќно, здраво и безгрижно детство на ова мало ангелче!