“Никогаш Северна, само Македонија” грмеше и од сцената и од плоштадот (ВИДЕО)

Република Македонија е името под кое се бореа ракометарите на Вардар.

Ова го потврдија шампионите кога излегоа на сцената.

– Здраво Македонија, Република Македонија. – поздрави Данијел Јуришиќ, еден од тренерите на Вардар, по што ечеше: Никогаш Северна, само Македонија, и на бината и на плоштадот.
Ракометарот Тимур Дибиров неколку пати нагласи дека цел вардарски победнички тим се Македонци.

Сите ракометари меѓусебно на бината се шегуваа за “број 5”, па меѓусебно се нарекуваа според бројот под кој играат.

– Ако Столе е играчот број 5, тогаш јас сум 31. – кажа Дибиров.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.