Taлогот од кафето може да биде одлично природно средство за решавање на некои непријатни ситуации во домот.
Во борба против мравките
Не користете отровни прозиводи за да го заштитете вашиот дом од колоните мравки, посебно ако имате мали деца или домашни миленичиња. Мирисот на талог од кафе ги брка мравките. Доволно е на мало тајнирче да ставите малку, па мравките ќе ја заобиколат вашата куќа. Талогот од кафе може да помогне и во градината, каде може да има дејство кон повеќе други штетници.
Одлично ѓубриво
Благодарејќи на своите својства, талогот од кафе е добро ѓубриво за билките и растенијата. Разблажете го со вода и ќе добиете природно ѓубриво за гноење на растенијата.
Против непријатни миризби
Кафето апсорбира мириси! Ставете талог од кафе во ќеса направете топча и ставете ја во замрзнувач или фрижедер. Талог може да ставите и во пепелникот, па така непријатниот мирис од цигарите брзо ќе исчезне.
Во борба против дамки
Талогот е корисен и за чистење на подовите, посебно ако ви се истури нешто слатко. Доволно е да навлажните мека ткаенина во малку кафе и нежно да ја протриете извалканата површина. Дамките веднаш ќе исчезнат! Со тоа ќе избегнете користење на хемикалии.
Ја чисти решетката од скарата