Сите сакаме да јадеме палачинки, солени, благи… и сите ги подготвуваме во домот, но овој рецепт дефинитивно ќе ве натера никогаш да не направите друг вид палачинки освен овој.
Потребни ви се:
15-ина палачинки.
2 јајца
2 децилитри кисела павлака
300 грама пилешки гради
300 грама сирење
1 пиперка
сол, бибер, оригано
100 грама сусам и 50 грама презла
Смешајте ги јајцата и павлаката, половина за смеса, половина за мачкање на палачинките. Сите други состојки измешајте ги и исечете заедно, а можете да додатете и нешто по избор. Додадете од зачините по избор и мачкајте ги палачинките кои ќе ги редите една врз друга во тепсија. Потоа премачкајте најгоре со павлаката и јајцата, па ставете презла и сусам на врвот. Печете на 180 степени 20-ина минути.
Добар апетит!