НИКОГАШ НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈТЕ: Приказната за ова момче го обиколи светот – Без раце може да го преплива цел базен (ВИДЕО)

screenshot_3-16-640x367

Исмаил Зулфиќ, 5-годишно момче од Зеница во март оваа година започнало да тренира пливање на Олимпискиот базен Отока во Сараево.

Тој ги инспирираше луѓето во Босна и Херцеговина. Малиот Исмаил е роден без раце, но тоа не му било препрека да научи да плива.

Неговата приказна се прошири на секаде во светот, сите светски медиуми пишуваат за малиот Исмаил и неговите другари и другарки со инвалидитет кои се дел од пливачкиот клуб “Спид”.

Тренерот Амел Капо вложил многу љубов и труд за да ги научи да пливаат и го докажа неговото животно мото “Во вода сме сите еднакви”.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.