Никовски: Договорот со Грција е историска грешка, историјата ќе му суди на Заев и СДСМ

Договорот е историска грешка на овој народ и на оваа власт која што го потпиша оваа власт и што сака по секоја цена да го наметне и еден ден ќе се соочи со судот на историјата и ќе ја плати таа цена, вели Ристо Никовски, поранешен амбасадор во Велика Британија, во гостувањето во емисијата „Отворено“ на телевизија Алфа.

Тој додаде дека Договор е неприфатлив за Македонија и нејзините граѓани, односно потенцираше дека целиот процес околу договорот бил направен на незаконски и силеџиски начин од страна на власта на СДСМ.

-За вакво прашање според Уставот не може да има консултативен референдум, значи тоа е неуставно. Според законот за референдум за прашања од меѓународен договор може да се направи референдум само доколу се ратификува во Собрание, значи повторно незаконски. Така што целата таа процедура е направена силеџиски, нагласи Никоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.