Сончевото, топло време со темпратура над 20 степени ќе се задржи и за време на продолжениот викенд.
Според УХМР, од понеделник вечер се очекуваат промени кои особено ќе бидат изразени во вторник за кога е најавено заладување, повремен дожд и снег на планините.
Денеска ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура се движеше во интервалот од -2 до 5, а максималната ќе достигне 24 степени.
До недела времето ќе биде сончево и топло со пораст на дневната температура.
Во понеделник кон крајот на денот ќе имаме локален дожд и услови за појава на грмежи.
Значителна промена на времето се очекува во вторник која ќе биде проследена со заладување повремени врнежи од дожд, а на планините и снег.