„Низ стихови за татковината“ – чествување на 11 Октомври во прилепската библиотека „Борка Талески“

По повод државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание, ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп ќе одржи настан „Низ стихови за татковината“.

Настанот ќе се одржи во вторник, 07 октомври 2025 година, со почеток во 17:30 часот, во просториите на библиотеката.

Програмата ќе опфати:

-Историски осврт посветен на 11 Октомври од историчарот Горјан Василески,
-Читање на родољубива поезија од актерите Даниела Иваноска и Александар Тодески,
-Музички перформанс на Добрила Грашеска.

Настанот ќе го модерира Моника Талеска, библиотекар и новинар.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.