Низа спортски активности и 9 освоени медали во изминатиот викенд за ЏК Сеишин од Прилеп

grupna

Претстојниот викенд џудо клубот Сеишин – Прилеп имаше спортски активности и тоа:

Двајца членови Кристијан Тошески -66 кг. И Орде Трајкоски -73 кг. како членови на Македонската пионерска репрезентација настапија на Балканското првенство во џудо за пионерки-ки, кое се одржа во Скопје од 24 до 26 јуни. И двајцата натпреварувачи останаа без пласман на ова силно натпреварување на кое учество зедоа вкупно 9 балкански репрезентации.

Додека пак на 26.06.2016, 11 членови на клубот зедоа учество на ЕВРОПСКИ отворен турнир во Џудо  во Солун, Р. Грција, во организација на Џудо Клубот Ираклис –Грција.  На ова натпреварување учество зедоа над 150 натпреварувачи од клубови од Англија, Италија, Бугарија, Србија, Грција и клубот Сеишин од Македонија. Освоени се вкупно 9 медали (5 златни, 1 сребрен и 3 бронзени).

Поединечно резултати:

Јуниори-ки:

  1. Александра Најдоска +75 кг. 1-во место
  2. Михаела Пешталеска -57 кг. 3-то место
  3. Марио Тошески -66 кг. 3-то место

Сениори:

  1. Васко Пупуноски -55 кг. 1-во место
  2. Диме Ивчески -66 кг. 1-во место
  3. Мартин Тодорчески -60 кг. 1-во место
  4. Александар Апостолоски -66 кг. 2-ро место
  5. Александар Петрески -71 кг. 3-то место

Ветерани над 50 г.

  1. Благоја Кузманоски кат. -75 кг. 1-во место

veterani

Pocetok

На овој турнир во Р. Грција членовите на клубот доминираа на татамите, прикажаа одлични и ефективни борби што беше навистина прифатено и од публиката во салата во Грција, а добиени беа и комплименти од страна на судиите на овој натпревар, кои беа од Англија, Италија и Грција.

Со овие активности клубот Сеишин ја завршува првата полусезона на натпревари и членовите ќе бидат на 1 месечен летен одмор, а потоа во месец август ќе се продолжат активностите согласно програмата на клубот. Исто така се почнува со подготовките за 8-от Меѓународен Турнир „Прилеп Град Херој“-  2016, кој треба да се одржи на 9-ти октомври, на кој уште отсега учество  најавуваат повеќе балкански и европски клубови.

Џудо Клубот СЕИШИН Прилеп изразува голема благодарност до сите кои дадода придонес за реализација на овие активности.

zagrevanje

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.