Ние сме Македонци, нашата држава е Република Македонија: 18-годишна девојка од Тетово се обрати на протестот

Клементина Маркоска – осумнаесетгодишна девојка од Тетово се обрати на протестот пред Собрание за зачувување на името на Републиката, а беше поздравена со повикот „Тетово е македонски град“, пренесува Локално.мк.

Цитирајќи го Уставот на Македонија порача дека Македонија е суверена држава и ниту еден човек во Македонија не смее да помисли да го менува името.

„Ние како граѓани на Македонија не треба да дозволиме да се случи тоа. Нашите загарантирани права ќе ги оствариме онака како што ни доликува. Нашата најголема цел е да го задржиме нашиот идентитет и идентитетот на нашата држава“.

-Ние не сакаме да живееме во Северна Македонија! Ние сме Македонци, а името на нашата држава е Република Македонија, порача таа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.