“Ние сме Македонија”: “Maкедонците да ги развиорат сонцата од Кутлеш и да покажат дека се против договорот на Заев”

Движењето “Ние сме Македонија” објави повик до сите Македонци да ги развеат знамињата со сонцето од Кутлеш надвор од своите домови и да покажат дека се против договорот на Заев, кој според нив значи културен геноцид на македонскиот народ.

“Ги повикуваме сите Македонци веднаш да го развеат знамето со сонцето од Кутлеш надвор од својот дом, да покажат дека се против договорот на Заев кој значи културен геноцид врз нашиот Народ.

Во договорот на Заев стои дека Македонија мора да го отстрани сонцето од Кутлеш од сите јавни места во рок од 6 месеци од потпишувањето. Треба да пратиме јасна порака дека тој симбол е наш, и Македонија е тука засекогаш!

Да се вее сонцето од Кутлеш во секој дом во секој град и во секое село! Таг-нете ја оваа страна со вашата слика од развиеното знаме, и држете го развиено се додека Заев не се повлече од овој договор.

Споделете ја оваа иницијатива со сите! #НиеСмеМакедонија #ДостаБеше”

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.