Повозрасните генрации растеа во време кога образовниот систем се држеше на здрави нозе, кога педагозите беа строги и умешно и успешно го пренесуваа знаењето на најмладите, притоа подготвувајќи ги за предизвикот кој се вика живот. Мноштвото реформи низ годините, честото променување на учебници и наставни програми, си го направија своето и за наставниците и за учениците, па децата се потешко влегуваат народски кажано во колосек, родителите мака мачат да држат нога со новите наставни трендови, а наставниците се затрупани со еден куп административна работа.
Во едно вакво опкружување едукативните центри станаа неопходни. Подготвителната одделенска настава за децата и изучувањето на странските јазици, како неопходен аспект на современото живеење, стана нова реалност. Но како од големата понуда да се направи вистинскиот избор, и како на вашето дете да му го овозможите најдоброто? Се разбира, следете го добриот глас, а добриот глас на далеку се слуша и вели дека во Прилеп главниот збор го има “ДРИМ ТИМ МАКСИ” јазичниот едукативен центар.
Постојат од 2021 година, и за само 3 години се искачија на врвот. Од мал простор на локација “Кај Педано”, до современо училиште во непосредна близина на “Шарена чешма”, со три училници, современо и педантно уредени во зависност од возраста на учениците и слушателите.
Станува збор за изграден бренд, кој професорката Ивана Макалоски го изгради не само на ниво на Прилеп, туку и на ниво на целата држава, а дека тоа е така зборува фактот што годинава едукативниот центар “ДРИМ ТИМ МАКСИ” беше прогласен за училиште на годината од Hamilton House – Aкадемска книга, признание со кое ретко кој друг може да се пофали. Она што е особено важно да се напомене е тоа дека знаењето учениците го стекнуваат од најновите изданија на учебниците од Hamilton House, па така нивото на нивното знаење и познавање на странските јазици, е далеку подобро од она што можат да го стекнат од училишните учебници.
Тимот на едукативниот центар го сочинуваат професори со долгогодишно работно искуство и богат образовен “бекраунд”. Фокусот е ставен на изучување на англискиот јазик, но училиштето е отворено и за изучување на германски јазик, како и за подготвителна одделенска настава. Наставата се одвива исклучиво на англиски јазик, а учениците и повозрасните слушатели тука можат да се стекнат со сертификати за сите јазични нивоа (A1/A2 , B1-B2 i C1-C2)
Наставата се одвива онлајн и со физичко присуство, а времето е во договор со слушателите и родителите на учениците, сето тоа да се излезе во пресрет на нивните барања и да се покаже взаемната лојалност и разбирање.
Интересно е тоа што училиштето го посетуваат генерации од 3 до 73 годишна возраст, па така највозрасната слушателка има 71 година и храбро и умешно ги совладува лекциите од часовите.
За најмладите од 3 до 5-годишна возраст постои групата YOUNG HEARTS, една забавна и слатка група на дечиња, која јазикот го изучува низ интерактивни активности и игри. За овие дечиња тимот на “ДРИМ ТИМ МАКСИ”, создаде посебни услови, каде модерната технологија игра мала улога, а детето се учи да ги распознава нештата преку посебни слики, флеш карти прилагодени за возраста и усно да се изразува.
Секако современите текови тоа го налагаат, па центарот е опремен со смарт табли, но присуството во наставата на истите постои само кога се неопходни. Накратко кажано, вашите најмали на едно место се едуцираат, во простор опремен по најнови стандарди и во одлични услови, па затоа не случајно се вели дека учениците во овој едукативен центар зборуваат англиски како да им е мајчин јазик.
Освен едукативниот дел, професорите во “ДРИМ ТИМ МАКСИ” посветуваат огромно внимание и на педагошкиот дел, а тоа е грижа за однесувањето на децата, стекнување на културни навики и литературен начин на изразување.
Класичниот начин на едукација со седење и слушање она што професорот го пренесува, тука е заменет со еден куп активности, како индивидувални, така и тимски. Децата учат брзо и ефикасно преку игра, разни изработки, читање, слушање, меѓусебна интеракција, и сл.
Она што посебно го издвојува овој едукативен центар е тоа што децата често се вклучени во едукативни работилници и одржување на разни приредби по повод домашните, но и странските празници. Преку разни изработки и изведби, децата се запознаваат со културата, јазикот и различностите во светот.
Непосредно пред Новата 2024 година, дечињата одржаа маестрална приредба во киното “Мис Стон”, каде покажаа што се’ научиле во текот на учебната година, а публиката и родителите останаа без зборови. Ништо поразлично не е ниту за Денот на љубовта, кога дечињата со нивните ментори изработуваат мотивациони пораки, кои потоа ги делат на граѓаните и изнудуваат воздишки и насмевки.
И тоа не е се’! Дечињата се често дел од хуманитарни настани, па во соработка со истоименото здружение “Дрим Тим од Деца за Деца”, досега заеднички придонеле за голем број успешни хуманитарни акции, каде често се собираат средства за лекување на нивни врсници.
Сублимирано, тука децата се на прво место. Тука нивното височество е издигнато до максимум, се почитува и вреднува нивниот карактер, се градат како личности од најмали нозе, стекнуваат знаења и буквално го совладуваат странскиот јазик. За тимот на “ДРИМ ТИМ МАКСИ” децата се буквално се’, веруваат и се залагаат за нивниот успех!
Не двоумете се! Побарајте ги најдобрите уште денеска! Контакт телефон: 070 338 490 (Ивана Макалоски)