Не чека пресврт со времето: Уживајте во последната летна недела

Во текот на следните денови и натаму територијата на државава ќе биде под влијание на стабилна, сува и невообичаено топла воздушна маса која продира од јужните географски широчини поточно од северна Африка, стои во временската на Славчо Поповски.

Сето ова ќе услови да имаме многу сонце и многу топлина односно времето ќе биде сончево повремено со мала до умерена локална облачност.

УВ индексот ќе има висока до многу висока вредност и ќе има коефициент 6 па затоа граѓаните да бидат внимателни и доколку излегуваат со себе добро би било да понесат заштитна опрема односно капа и наочари за сонце.

Ваквото прекрасно сончево и многу топло време особено ќе им одговара на оние кои се љубители на плажирањето, па затоа истите ги советуваме ваквото време максимално да го искористат токму за тоа зошто веќе следната недела на видик има позначителна промена на времето кај нас и заладување иако овие информации се сеуште доста неофицијални.

Максималните дневни температури до викендот ќе бидат во понатамошен поораст и ќе се искачуваат во интервалот дури од 27 до 34 степени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.