Прилепски срам околу манастирот Св. Димитрија над село Селце
Убаво е што голем број луѓе во изминатиот период ја користат природата и манастирите како излез од секојдневните ограничувања и вонредната состојба.
Но, колку имаме култура и колку ја почитуваме природата?
Кога еднаш ќе научиме дека она што го носиме со себе не треба да се расфрла наоколу?
Ако некој со месеци не ги испразнил корпите за отпадоци, не значи дека отпадоците треба да ги фрлите до нив.
Луѓе, не сте вљубеници во природата и планината доколку се однесувате на ваков начин!