Утрово Кочани го разбуди уште една трагична вест. Почина Иле Гоцевски возачот на Итната медицинска помош кој вчера неуморно ги превезуваше повредените од трагедијата што се случи вчера рано утрото во дискотеката Пулс во која како последици на пожар загинаа 59 млади луѓе, а повеќе од 155 се повредени.
Колегите и вработените во Општата болница Кочани утрово се простуваат од Иле Гоцевски.
Гоцевски бил долгогодишен возач на возила во Итната помош во Кочани кој синоќа починал откако по напорниот и долг ден во кој пренесувал повредени од пожарот отишол дома да одмори, но не се разбудил.