Не се тука само за забава, туку и за онаму каде се најпотребни! Мото клубот “Рисови” од Прилеп донираше вреден апарат за прилепската болница (ФОТО)

Мото клубот “Рисови” од Прилеп, кои неодамна со спектакуларна забава во центарот на градот, прославија јубилеј 15 години постоење, денеска донираа вреден апарат за потребите на прилепската болница “Борка Талески”.

-Срдечна благодарност до сите поддржувачи на Мото Клуб Рисови! Вашата поддршка не само што ни овозможува да се забавуваме и дружиме, туку и да реализираме важни хуманитарни акции. Со ваша помош, успеавме да донираме “ Капа за ЕЕГ за деца до 2 години” на ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност во Прилеп, за Детското одделение. Вашата поддршка значи многу за нас и за оние на кои им е потребна помош. Заедно продолжуваме да правиме позитивни промени – напишаа на социјалните мрежи од мото клубот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.