Не само од „Идризово“, убиецот кај „Мавровка“ избегал и од затворот во Прилеп

Не само од затворот „Идризово“, од каде избегал во април годинава, осомничениот за убиството на бизнисменот што се случи на 20 август кај трговскиот центар „Мавровка“, бил бегалец и од затворот во Прилеп – oбјави ФОКУС

Ова може да се заклучи од последната јавно објавена пресуда против осомничениот Елвин Куртовиќ.

Последното кривично дело за кое тој бил првостепено осуден во мај 2023 година било за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје, за што добил една година и шест месеци затвор.

Тој е прогласен за виновен бидејќи во месец март 2022 година, во домот, кој не бил негов, а таму престојувал привремено, неовластено држел огнено оружје и муниција марка , кои му биле најдени додека полицијата правела претрес во неговиот привремен дом.

Од она што може да се сфати од пресудата, Куртовиќ бил фатен со пиштолот, во 2022 година, а тогаш требало да биде во затворот во Прилеп.

Целата сторија прочитајте ја ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.