После долго време во Прилеп ќе се игра футсал на професионално ниво. Вљубениците на малиот фудбал ќе имаат свој миленик кој ќе можат да го бодрат на трибините и да гледаат утакмици во футсал не само на турнирот “Св. Никола”, туку и преку цела година.
Неодамна се формираше КФМ Победа, а основач на клубот е еден од најистакнатите членови на навивачката група “Мајмуни”, Никола Трајкоски.
Веќе во недела новиот клуб ќе го има своето деби на терените. Закажан е натпревар со екипата на Јувентус Серава, кој ќе се одигра во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, во недела (15.10), со почеток од 19:30ч.
Одлична можност за спортските вљубеници да ги наполнат трибините и да дадат поддршка на овој нов спортски проект, кој со сигурност ќе значи премногу за Прилеп.