Поранешниот англиски репрезентативец и поранешен капитен на Челси, Џон Тери, е на добар пат да потпише за рускиот прволигаш Спартак Москва. Тери е слободен играч, откако не го продолжи договорот со Астон Вила.
Тери е на праг од потпис за московска Спартак, пренесоа англиските медиуми. Англичанецот наводно веќе во Русија каде прво ќе оди на лекарски прегледи, а потоа ќе потпише двегодишен договор.
Тој доаѓа на местото на Самуел Гигот кој ќе ја пропушти целата сезона поради повреда. 37-годишниот Тери е без клуб од летото откако му истече договорот со второлигашот Астон Вила.
Наводно клучна улога за трансферот на Тери во Спартак одиграл неговиот транер Масимо Карера. Италијанскиот експерт му ветил важна улога на Тери во новиот состав.