Не прави други планови: Terasa Pub Club со двојна викенд журка + промоција на ексклузивни пивски вкусови

Прилепчани ги очекува уште еден незаборавен викенд во Terasa Pub Club, место кое веќе стана синоним за добра забава, квалитетна музика и врвна атмосфера. Овојпат, програмата носи две вечери со жива свирка кои ветуваат исполнет викенд за сите љубители на добар звук и дружење.

Во петок (03 април), сцената ќе ја загреат момците од ARTIUM BAND, кои со својот репертоар и енергија секогаш прават одлична атмосфера и забава до доцна во ноќта.

Веднаш потоа, во сабота (04 април), следува уште една музичка вечер, овојпат со METROPOLIS BAND, бенд кој гарантира одлична журка, хитови и позитивна енергија за сите гости.

Помеѓу двете вечерни забави, искористете го саботниот ден за опуштено кафе-дружење со пријателите, семејството и најблиските на најубавата тераса во Прилеп – совршено место за релаксација и уживање во пролетната атмосфера.

Дополнително, овој викенд Terasa Pub Club нуди и специјална промоција на ексклузивни пива, уникатни вкусови кои може да ги најдете само тука, а сега се достапни по намалени цени – идеална причина плус да не го пропуштите викендот.

📞 Резервирајте го вашето место навреме на 070 304 967 и обезбедете си незаборавна вечер!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.