Не очекува вистински пекол – жештините ќе бидат неиздржливи

fewfwgetahrtjry

Претстојното лето во Македонија ќе биде потопло, а врнежите нема да отстапуваат од многугодишниот просек, предвидуваат од УХМР според прогностичките материјали кои ги преземаат од Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето (ECMWF) во Рединг и Виртуелниот центар за климатски промени за Југоисточна Европа (SEEVCCC).

 

Сезонскиот изглед на времето во Македонија за период јуни, јули, август 2017 покажува дека температурите на воздухот ќе бидат повисоки од просечните, но тоа надминување нема да биде повеќе од 1-2˚С. Количината на врнежи ова лето се очекува да биде во рамките на просекот, со можност на посушен источен дел и поголема веројатност на позитивно надминување во останатиот дел од Републиката.

Од УХМР информираат дека постои веројатност во летната сезона да се јават периоди со исклучително топло и сушно време, како и веројатност за изразени негативни отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата, но и влажни продори.

 

Во Република Македонија многугодишниот просек 1981-2010 за температурата на воздухот во лето е во границите околу 16,0˚С во планинските предели до 25,3˚С измерени во Гевгелија, додека просечната количина на врнежи е од 23,9 мм во Штип до 96,7 мм во Маврово.

После исклучително топлиот април, што според мерењата е најтопол во историските податоци од 1950 година, мај досега се покажа како релативно постуден и доста врнежлив. Историски гледано измерените температури и врнежи не се невообичаени за овој месец.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.