На оваа девојка ѝ се смеат сите оние коишто го виделе видеото на социјалните мрежи.
Австралиската манекенка Луси Џејд првпат во животот се соочила со ракија која прилично очекувано – ја „прегазила“.
Девојката не била подготвена на последиците од пијалакот кај кој содржината на алкохол може да надмине дури и 60 отсто, а покрај сето тоа таа имала и мала незгода – некој ја следел со камера и го снимал нејзиното однесување.
Благодарение на таа личност, корисниците на ТикТок добро се насмеале, па во описот на видеото дознале дека Луси малку се „заиграла“ со семејството на својот сакан.
„Доколку госпоѓата не е Европјанка, не ѝ дозволувајте да пие ракија со вашето семејство цел ден“, напишала и открила дека седум часа се дружела со „бабата“ и пијалакот кој ја „лекува душата“.
Видеото погледнете го ТУКА