Не им иди умот! 170 казни во два дена на територијата на СВР Битола

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (02/03/04.08.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола изречени се вкупно 170 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 17 мерки за возење под дејство на алкохол, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 18 прекршоци за не користење на кацига…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – информираат од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.