Не им иде умот, а се одговара кривично! Уште еден прилепчанец на “ѕидот на срамот” на МВР, возел “камен пијан”

-На 17.12.2025 во 00:41 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул. „Браќа Ламески“ во Прилеп го лишија од слобода Р.Г. (49) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „џип“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Г., при што било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,91 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по чл.297-а од КЗ „безобѕирно управување со возило” – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.