Англискиот гигант најпрво планира да го доведе на Олд Трафорд Виктор Линделоф, а за 22-годишниот Швеѓанец ќе ислапти 45 милиони евра. Со овој трансфер дефанзивецот ќе стане најскап играч во историјата на Бенфика.
Меѓутоа, тоа не е крај. “Црвените ѓаволи” се договориле со клубот од Лисабон за уште еден трансфер, но за во лето. Десниот бек, 22-годишниот Нелсон Семедо, ќе му се придружи на Линделоф во екипата на Жозе Мурињо, а за тоа тимот ќе заработи 41 милион евра.