“Не за политиката во “Пивофест”!? Тоа е причината за тивкиот бојкот што се најавува за вечер од домаќините и гостите??”

Скандал од невидени размери го тресе фестивалот на пивото и скарата во Прилеп. Владата ја вметна својата музичка програма за прослава на условните препораки од ЕУ и НАТО во фестивалската програма?

Покрај за скапите балкански и домашни ѕвезди, граѓаните ќе плаќаат и за групата “5+” која е најавена за вечерашната прослава на владата.

Ова е потврдено и со програмата објавена на Фејсбук страната на “Пивофест”, каде пред настапите на Фортисимо, Некст Тајм, Џенан Лончаревиќ и Жељко Јоксимовиќ за вечерва, ќе настапи и групата “5+”.

Дали политиката навлезе во сите пори на општеството? Дали некој ќе сноси одговорност за ова?

Прилепчани дури раширија и флаер по социјалните мрежи на кој пишува бојкот за најавената прослава на владата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.