На 16.01.2020 во просториите на Влада на Република Северна Македонија – Медија центар, ќе се потпише Договор за изградба на првите два километри на автопатот Скопје – Блаце помеѓу ЈП за Државни патишта, претставувано од Директорот, Зоран Китанов и А.Д. Гранит преставувано од Генералниот Директор, Зоран Милковски. На настанот присутни ќе бидат Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, во улога на координатор на Владата за проектот Скопје – Блаце, Бујар Османи и Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески – стои во соопштението на веб страната на Владата.