Независна кандидатска група „Поинаку“ од Битола вчера во рекордно време за само 6 часа собраа 401 потпис за поддршка за нивната листа на советници во општинскиот совет.
Оа достигнување го прославија на „новиот затворен базен“ во Битола кој веќе 30 години на битолчани им го ветуваат властите.
-Бидејќи вчера во рекордно време ги собравме потребните потписи и се „уморивме“, денес си зедовме за право малку да „олабајме“ во новиот базен во Битола, велат од „Поинаку“.
Изградбата на затворениот базен во Битола започна на 15 февруари минатата година…