Не е само војската, еве што друго го врзувало Шабан Шаулиќ за Македонија

Не пропушташе посета, а да не се пофали колку го владее македонскиот јазик. Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ во Македонија ги помина војничките денови.

Во 2015 година, како и на секој од неговите концерти во Македонија, Шаулиќ не ја пропушти можноста на македонската публика да ѝ се обрати на јазикот кој што го научил додека служел војска.

Војската не секому му буди убави спомени, но за мене тоа е веројатно е еден од најубавите периоди во животот. Со Македонија ме врзуваат многу убави спомени и секое доаѓање долу е како враќање дома.

Знам дека не зборувам македонски најдобро, но се трудам. Вашиот јазик е многу убав. За песните воопшто и не станува збор, рече тогаш пејачот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.