Не е ниту сода бикарбона, не е ниту оцет – домашно средство со кое ќе го дезинфицирате цел дом

Хидроген или водороден пероксид може да биде одлично, мултинаменско средство за употреба во домаќинството.

Може да се користи во медицински цели или пак како ефикасно, безбедно, нетоксично средство за чистење во домот.

Неговата формула е многу слична на водата, се разликува по тоа што има уште еден атом на кислород: H2O2.

ВНИМАНИЕ: Во текстот подолу зборуваме за 3% хидроген, а не посилни концентрации кои можат да бидат опасни, а воошто не се потребни за овие намени. Хидрогенот можете да го купите од секоја аптека.

Еве примери за што можете да го употребите:

1. Отстранување на флеки од чипкани завеси или покривки. Ставете 2 чаши водороден пероксид во садот во кој планирате да ги перете, дополнете со вода и потопете ги чипканите завеси. Хидрогенот ќе помогне да исчезнат жолтите флеки.

2. Направете паста од хидроген и сода бикарбона за отстранување на бигорот во бањата.

3. Против мувла: Измешате 2 дела хидроген и 1 дел вода, па ставете го во шише со прскалка. Доколку го користите на обоени површини разредете го со повеќе вода, за да не дојде до избледување на бојата.

4. Хидрогенот го отстранува од тепихот мирисиот и дамките од урина од домашните миленици. Така тие нема да бидат повторно искушувани да уринираат на истото место.

5. Можете да го користите како побезбедна варијанта наместо варикина за белење на белите алишта. Варикината за разлика од хидрогенот има тенденција побрзо да ги излитува алиштата.

6. Хидрогенот ги остранува дамките од крв. Натопете ја дамката со хидроген, оставете да отстои една минута, протријте и веднаш исплавете.

7. Ги отстранува флеките од црвено вино од тепихот или од ткаенини.

8. Користете го со микрофибер крпа за бришење на прозори и огледала, така ќе ги исчистите без да останат траги.

9. Хидрогенот ја убива бактеријата Салмонела, па е одличен за чистење на даските за сечење и работните површини во кујната.

10. Направете раствор од еден дел хидроген и еден дел вода, ставете го во шише со прскалка и можете да го користите како средство за чистење на бањата и тоалетот.

11. Ако го наполните садоперот со вода во која сте додале половина чаша хидроген и во неа го потопите овошјето и зеленчукот, микроорганизмите ќе бидат убиени, а тие ќе останат подолго време свежи. Лиснатото овошје нека стои во водата со хидроген околу 20 минути, а она со подебели лушпи околу 30 минути, потоа исцедете го и ставете го во фрижидер.

12. Се користи за чистење на рани, исеченици, за габични инфекции на нозете итн. За габични инфекции на нозете направете раствор од еден дел вода и еден дел хидроген и прскајте го растворот на заболеното место секоја вечер.

13. Можете да го користите како средство миење на устата: во чаша вода ставете една лажица хидроген и исплакнете ја устата, потоа плукнете ја течноста и исплакнете ја устата со вода. Исто така хидрогенот можете да го користите како средство за дезинфекција на четката за заби.

Ова се само идеи, а вие можете да најдете уште повеќе намени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.