Лионел Меси и Кристијано Роналдо во годината што измина заедно имаа постигнато вкупно 100 погодоци.
Календарската 2018 година Меси ја заврши со 51 погодок, додека Роналдо реализираше 49, но и двајцата не се најефикасните напаѓачи за годината што измина.
Најефикасен напаѓач за 2018 година и официјално е фудбалерот на Ал Сад, Багдад Бунедјах кој постигнал 59 голови на само 40 натпревари.
27 годишниот напаѓач на тимот во кој настапуваат Чави и Габи има импресивна статистика зад своето име и со право го привлече вниманието на неколку клубови од топ 5 лигите во Европа.