Белгискиот фудбалер со потекло од Косово и Метохија, Аднан Јанузај, кажа дека не треба да се меша спортот и политиката, како што беше случајот на мечот меѓу Србија и Швајцарија.
-Постои фудбалски терен, како и политички, кој е потполно друга работа, кажа Јанузај запрашан зошто голот против Англија не го прослави како репрезентативците на Швајцарија, Гранит Џака и Џердан Шакири.
Џака и Шакири исто така се по потекло од Косово и Метохија, а со рацете симболизираа двоглав орел после головите кои и ги дадоа на Србија во групната фаза на Светското првенство.
Јанузај беше стрелец во победата на Белгија над Англија со 1:0.
-Не се концетрирам на тоа како ќе го прославам голот. Кога ќе постигнете погодок, присутни се многу емоции. Јас славев со соиграчите, кажа Јанузај, кој имаше право да бира дали ќе настапува за Белгија, Албанија или Косово, која стана член на ФИФА и УЕФА.
Сепак, Јанузај кажа дека се надевал дека неговиот гол го славеле и во Косово.
-Мислам дека славеле. Уште Албанци даваа голови на Светското првенство и мислам дека се прославувани секаде, рече Јанузај.
Џака и Шакири поради прославата со која ги провоцираа Србите беа казнети парично.