„Не ве остава Ѓоко вас” – 23 години од убиството на Ѓоко Лазаревски, херојот кој сам до последен здив го бранеше Лешок од терористите на ОНА

Пред 23 години, тој го бранеше своето село од припадниците на ОНА. Пред 23 години храбро војуваше за слобода на Лешок и зачувување на слободата на Македонија. Пред 23 години, Ѓоко Лазаревски кој беше припадник на МВР, го даде својот живот за селаните, за Лешок, за Македонија.

Незаборавен, од оние што знаат дека нема поголема доблест и нема поголема вредност од тоа да се сака ближниот и да се сака татковината повеќе од самиот себе. Токму такво е делото на херојот Ѓоко Лазаревски. Лазаревски е еден од македонските херои на поновата историја кој со својот живот ја покажа лојалноста кон неговата татковина.

Како резервист Ѓоко сам се пријавува и оди да се бори за својата татковина. Тој и четворица негови другари неколку дена активно го бранат селото од нападите. Иако добива наредба да го напушти селото, Лазаревски останува на своја одговорност, храбро соочувајќи се со нападите. Успева да ги задржи припадниците на ОНА, за да може селаните да се евакуираат и останува последен.

Иако добива наредба да го напушти селото, Лазаревски останува на своја одговорност, храбро соочувајќи се со нападите. Успева да ги задржи терористите на ОНА, за да може селаните да се евакуираат и останува последен. По неколкудневната борба, Лазаревски е свесен дека повеќе не можат да го издржат притисокот и да возвратат на нападите. Тој им јавува на селаните и неговите најблиски да се евакуираат што е можно побрзо. Овој голем човек, останува храбро да се бори до крај. На 23 јули 2001 година, во 16 часот попладнето, на полицискиот пункт кај Лешок рафал го покоси Ѓоко Лазаревски. По укажаната прва помош во Тетовскиот медицински центар, тој беше пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. Почина наредниот ден. Погоден во главата, Ѓоко ја завршува својата битка за Македонија.

Поради неможноста да биде погребан во родниот Лешок, кој во тоа време е освоен од терористите на ОНА, вечното почивалиште на Лазаревски се наоѓа на гробиштата во Општина Ѓорче Петров. По убиството на Ѓоко и освојувањето на Лешок терористите на ОНА ќе го срушат и Лешочкиот Манастир. Неможноста да биде погребан во своето родно село тешко ја погоди неговата мајка. Последните зборови на Лазаревски „Не ве остава Ѓоко вас”, оставија траен белег кај неговите другари кои и во последните моменти беа со него, кај сите кои го познаваа, но и кај оние кои се свесни за неговото херојско дело. Многумина неговото дело го препознаваат во стиховите од поемата „Сердарот”: „Бидете смели, нечесноста не ќе нè плаши. Спомнете си кој ви навредувал земја и нека срцата охрабрат Ваши”.

Делата на Лазаревски, како и на сите останати вечно ќе се паметат. Херојството на македонските синови и нивната жртва ќе остане засекогаш запишана во македонската историја. Ѓоко зад себе остави сопруга со едно дете, што никогаш не го дочекал. Ѓокица Лазаревски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.