“Не било до тренерот: Победа се закова на дното”

Фудбалерите на Победа попладнево на стадионот во Кичево го забележаа и петтиот последователен пораз.

Овојпат црвено-белите како домаќини беа поразени од екипата на Македонија Ѓорче Петров, која по втор пат сезонава успева да освои 3 бода над прилепчани.

Победа пред два дена изврши промена на тренерската позиција, при што на местото на досегашниот тренер Тони Мегленски беше поставен актуелниот спортски директор на клубот, Јане Николоски.

Сепак, промената на тренерското столче не донесе ништо ново.

Победа сега се наоѓа на самото дно на прволигашката табела, каде заедно со Беласица има само 17 освоени бода од 18 одиграни натпревари.

Само подобрата гол разлика со Беласица, ја става Победа на 9-то место на табелата.

Со ова коло заврши есенскиот дел од сезоната, а прволигашкиот фудбал продолжува на 17.02 идната година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.