“Не било до НАТО за инвестиции? Фолксваген замина во Србија, нашиот министер за инвестиции е наставник, замислете?”

Германскиот автомобилски гигант “Фолксваген” одлучи новата фабрика да ја гради во Србија, дознаваат од “Новости”. Најголемиот производител на автомобили во светот се одлучил за Србија во конкуренција на Бугарија, Романија, Турција и Македонија.

Иако како фаворити за добивање на оваа инвестиција долго време биле Бугарите, Германците сепак ја избрале Србија. Според сознанијата на српскиот портал “Новости”, првиот автомобил во српската фабрика на “Фолксвеген” би требало да биде произведен во 2023 година.

Според изворот на “Новости”, како локација за новата фабрика се споменува Шумадија, а новата фабрика би требало да има капацитет од 300.000 автомобили годишно.

Вредноста на инвестицијата би изнесувала 4,5 милијарди евра, а во Србија би се произведувале 5 модели од “Фолксваген”, “Шкода” и “Сеат”, односно марки на возила кои се во состав на оваа германска фирма.

Според изворот, фабриката ќе вработува 5000 луѓе, од кои 650 ќе бидат вработени како инженери. Она што е исто така важен фактор, е тоа што Србија располага со 10% од светските залихи на литиум, елемент од кој се прават батериите на електромобилите.

Покрај оваа фабрика, според “Новости” за инвестирање во Србија се заинтересирани и инвеститори од Кина и другите азиски земји, кои исто така планираат да отворат производствени капацитети во авто-индустријата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.