Нејзините ученици се денеска врвни менаџери на компании и професионалци ширум светот – За успех избрале “АНГЛИСКИ КАЈ МАРИЈА”

Алка без која не може да се замисли современото живеење. Нераздвоив дел од денешниот глобален свет без кој работењето и комуникациите ќе бидат речиси невозможни. Тоа е во денешно време АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК, и токму затоа е толку потребен за развој на секоја индивидуа од најмали нозе, а со цел трасирање на патот кон успешна кариера и напредок. Но како да се избере вистинското училиште за изучување на јазикот и да се направи вистинскиот избор за усовршување и совладување на јазичните бариери? Во шаренилото на понуди секогаш изберете професор чиј “бекраунд” говори сам по себе. Со четврт век работно искуство зад себе како професор по Англиски јазик, магистер, доктор, со еден куп зад себе награди, признанија, мал милион успешно завршени обуки и усовршувања, Д-р Марија Дулеска е “доктор” во секоја смисла за англиски јазик во градот под Марковите Кули.

Долгогодишното успешно работно искуство во образовниот процес, може да се каже дека го “круниса” во 2019 година, од кога постои и реномираното училиште “Англиски кај Марија”.

Со ОМИЛЕНАТА TEACHER како што ја викаат учениците, разговараме за почетоците на училиштето “Англиски кај Марија”, како се одвива наставата, како и за некои успешни стории на ученици, кои денеска се репрезенти во своите професии насекаде низ светот.

Колку време постои “АНГЛИСКИ КАЈ МАРИЈА” и која е приказната позади формирањето на истото?

– “Англиски кај Марија” е формирано и основано на 1. јули 2019 година во спомен на мојата мајка Дора… месец, два по нејзината смрт, затоа што таа беше инициајтор и главниот визионер, и покрај сите притисоци да не ме запише во тогашниот и единствен пинерски дом “Мирче Ацев” Прилеп, сепак во мое трето одделение успеа да ме запише. По нејзините тогашни раскажувања, која во 70-тите години има живеено во Торонто, Канада, сметаше дека ќе ми биде потребен Англискиот јазик, и со тоа ми го тасира патот за денеска да станам доцент доктор по Англиски јазик. Второто име на “Англиски кај Марија” е Дора. Како се нижат годините на нејзиниот спомен – така се множат годините на постоење и раст на “Англиски кај Марија”. Училиштето во моментов има 5.671 фанови досега, а објавите достигнуваат и до 30.000 прегледи на социјалните мрежи. Ние сме во постојан раст што посебно ми значи. Секоја година на 1. јули славиме роденден.

Постои ли возрасна граница на ученици кои можат да посетуваат настава и колку пати неделно се одвиваат часовите?

– Настава посетуваат најмалите од 5 години, но и возрасните, кои исто така активно и континуирано посетуваат курсна настава и часови во “Англиски кај Марија”. Се доаѓа слободно по своја желба и нормално со мотивација за тековно и вистинско исполнување на сите обврски. Секој започнува од соодветно ниво, соглалсно возраста кај помладите, а за возрасните утврдуваме ниво од А1 до Ц2, за да знаеме каде ни е стартната позција. Секоја возраст носи свои специфики, зависно од вештините кои треба тековно да се развиваат, а сите се меѓусебно поврзани. Посебно се работи и со учениците од средно образование, 4-та година, за полагање на државна матура, како и со студенти. Имам студенти од Економски факултет во Прилеп и Технички Факултет Битола, како и еден постдипломец.

-Часовите се еднаш неделно, четири до пет пати месечно, но е индивидуална работа, како во старо време – еден ученик и еден професор, и тука ми е потешко, затоа што на секој еден му обрнувам посебно внимание и го оформувам. Индивидуализираната работа е многу тешка, плус се работи за комбинирани групи, со цел исполнетост на термините. Од друга страна пак ефектите се многу моќни и продуктивни. Со индивидуализираниот пристап секој има можност да постигнува повисоки нивоа над својата календарска возраст. Имам ученици кои се и по две постигнати нивоа над својата календарска возраст. За секој знам до каде е, кои му се послаби страни, што треба да подобри и кои му се силните страни. Нема успех без напорна и посветена работа.

Дали учениците се стекнуваат со некаков СЕРТИФИКАТ и каков?

– Да, се стекнуваат со валиден сертификат за своето ниво. Сертификатите најмногу им се потребни на возрасните, поради тоа што аплицираат за најразлични позиции во сверите на општественото живеење. Најчесто за свое професионално усовршување, или добивање унапредување на работно место. Серфтикатот е безвреден ако не е заслужен, или подарен, а да нема никакво или слабо знаење, што кај мене не смее да се случи. Одговорно стојам зад својата работа за нејзиниот квалитет и значење.

По која програма работите во вашето училиште?

– Со возрасните работам со Hamilton House Akademska kniga – Hamilton House publishers – English Download, чии налсови посебно ги препорачувам, а постојано сум во сите современи текови и се што е повразно со Англискиот јазик и многу повеќе. Имам прекрасна соработка со City и Dream team Maxi и нормално со Hamilton House Akademska kniga- Hamilton House publishers , Младинскиот совет во Прилеп.

По што се разликува вашето училиште од останатите?

“Англиски кај Mарија” е комплетно реновирано по најновио стандарди и е официјано реотворено на 8 Сeптември 2024 год., на Денот на неазвиснота на Република Македонија, а што ми е особено драго, и на 19-тиот роденден на мојот син Стефан. Располага со најсоверемни услови за учење, пријатна атмосфера за работа и топлина. Заедно со тоа оди напорно, но достижно темпо за работа. Работам индивидуализирано. Можам да работам по групи, што би ми било полесно, но не. Бирам потежок пат заради квалитет и секој со свој индивидуален раст и развој. Можат да седат шестмина во исто време, јас ќе работам со сите шест различен материјал во исто време, и секој е на различна позиција, и секој постепено напредува. Водам напред!

Издвојте дел од вашите лични достигнувања

– 24 годишно работно искуство како професор по Англиски јазик од 2001 год
– Магистратура просек 10.00
– Докторат просек 9.40
– 9 години како доста успешен раководител на ООУ “Блаже Kонески” – Прилеп во периодот од 2008-2017 год.
– Овластен судски преведувач од англиски јазик на македонаки и обратно
– Локален координатор за ЕЛТАМ натпревари по Англиски јазик од 2010 год. за 5 општини
– Ментор за помлади наставници по Англиски јазик, преку Македонската менторска мрежа за наставници по Англиски јазик
– Избран во звање доцент доктор по Англиски јазик на Славјанскиот универзитет “Гаврило Романович Державин” – Битола

Издвојте некој убав пример од ученик кој постигнал нешто поголемо на професионален план, а посетувал настава кај вас

-Поголем дел од моите ученици живеат и работат во светските метрополи, активно користејќи го англискиот јазик или се успешни менаџери. Ги има многу. Пример првата ученичка Стефани Ржаникоска живее и работи во Лонодон. Бојан Димески живее и работи и води успешна компанија во Германија. Филип Ѓорѓиоски е магистер инжинер архитект кој работи во Прилеп. Владимир Митрески е пулмолог во Скопје. На страната на “Англиски кај Марија” ги имав постирано сите со слика и опис на успешни личности, а мои ученици што со гордост секогаш ги истакнувам. На страната ги има во обајвите сите еден до еден.

Koи се вашите планови за иднина?

– Животниот сон ми е да работам како професор доктор на факултет или во научен иснтитут, и по години да се пензионирам. Не сакам да завршам во основно образование, затоа што не ми ги храни клетките во мозокот. Ми треба предизвик согласно на мојот постигнат степен на образование, за да се чувствувам покорисна и поисполнета, како и општетствено уште покорисна. На мојот ум му е потребен соодветен интелектуален предизвик.

“I don’t wanna miss a thing”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.