НЕЈЗИНИТЕ НАПАДИ СЕ СМРТОНОСНИ: Големата бела ајкула ја има и на Јадранот

Пред два дена огромна бела ајкула, позната по нејзините напади на луѓе, е видена во шпанските води, за прв пат во последните 30 години.

Научниците од шпанскиот истражувачки центар Атлантик, го пронашле ова чудовиште долго пет метри, на само 12 километри од брегот на островот Кабрер, јужно од Мајорка. Во експедицијта учествувале 10 научници од пет држави, а ајкулата во четвртокот ја фотографирал Фернандо Лопез Миронес.

Последниве неколку години имало пријави дека е видена голема бела ајкула, но ова било прв пат тоа и да се потврди.

Морскиот биолог Петар Кружич вели дека големите бели ајкули во Медитеранот се присутни од секогаш, но ова е прв пат некој да ги видел по 30 години.

“Големата бела ајкула нормално живее во Медитеранот, таа е тука, само прашање е дали ќе дојде во близина на брегот. Тоа зависи од храната. Повеќе нема толку многу туна со која се храни. Големите риби постепено исчезнуваат, па така и големата бела ајкула веројатно ќе ја снема”, вели Кружич.

Што се однесува до опасноста за луѓето, Кружич вели дека белата ајкула е опасна – како и сите останати. Пред 10 години на Јадранот бил нападнат Словенец, а по забот кој бил изваден од неговата нога, се утврдило дека станува збор за голема бела ајкула. За жал, нападите на овие ајкули се смртоносни.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.