Нејзиниот отров може да убие 30 луѓе – уловена опасна риба во Грција

riba

Во Грција беше уловена опасна риба, чиј отров може да убие 30 луѓе, објави електронското издание на грчкиот весник „Прото тема”.

Рибата е фатена на островот Крит и е од видот лагокефал (Lagocephalus sceleratus). Уловениот примерок е со големина од околу половина метар, пренесува БТА.

Лагокефалот, кој се среќава источно од островот Крит, но и во други области на Грција, е вториот најтоксичен животински примерок на планетата. Тој е исклучителен предатор, претставува голема закана за екосистемот и е многу опасен за луѓето.

Рибата има отров што може да убие 30 луѓе и нема познат противотров.

Лагокефалот се среќава главно во Индискиот и Тихиот Океан. Во 2003 година, сепак се појави во Медитеранот и Егејското Море.

Доколку се конзумира пред да се отстрани делот каде е отровот тетродотоксин, може да предизвика респираторни нарушувања, проблеми во моторниот систем, мускулна парализа, па дури и смрт.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.