Кајли Џенер е девојката која најмногу заработува на социјалните мрежи, објави компанија која се занимава со ваков тип на истражување.
Кајли од една објава може да заработи и до милион американски долари. Џенер ја надмина и Селена Гомез, која заработува по 800.000 долари по објава.
Третото место го држи Кристијано Роналдо, чија објава вреди 750.000 долари.
На четврто место е ријалити ѕвездата Ким Кардашијан со 720.000 долари заработка по објава, а веднаш зад незе е Бијонсе со 700.000 долари за објава.