Деновиве групата Балканика од Прилеп официјално го промовираше својот прв видео запис за песната насловена како „Бекрија“. Музиката, текстот и аранжманот се на Мендо Ташкоски, песната е снимена во музичкото студио „Р“, продуцент Рубин Димкоски, a за видео записот се погрижи Христијан Конески.
Покрај преполната агенда на групата Балканика, членовите не мируваат и најавуваат уште еден нов проект, но засега тоа нека биде изненадување.
Ова песна и оригинално изработен видео запис е доказ дека членовите на групата работат напорно и градат врвно музичко име.
Уживајте во песната….