Нефи Усеини најави пpoтecт- Повика да се бpaнат покривите на неговите браќа

Советникот Нефи Усеини преку Фејсбук статус повика на протест против акцијата за уривање на дивоградбите во Охрид. Во статусот тој алудира на тоа дека не се уриваат објектите на езерскиот брег туку се уриваат куќи и џамии кои припаѓале на охриѓани.

Усеини на Фејсбук напиша:

Во овој период сите чуствуваме притисок од страна на институции кои сакаaт да ни наштетат.

Од 1400 дивоградби, вклучувајќи ги и оние покрај езерото кои го ризикуваат исклучувањето на Охрид од UNESKO, кои исто така ги окупираа тротоарите на градот, а читаме само за градби како куќи и џамии, кои им припаѓаат на охриѓани.

Затоа едногласно да станиме да ги браниме покривите од нашите браќа, затоа што тие можат да бидат и наши.

Според тоа на 25.09.2019 (Среда) во 10:00 часот пред Општина Охрид масовно да се поддржиме едни со други како што секогаш сме правеле за нашите граѓани.

Усеини е сосптвеник на дивоизградена пицерија до чинарот во Охрид и на бетонска база ( исто така дивоградба ) на самиот езерски брег.

Акцијата за уривање во Охрид треба да продолжи од утре.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.