Неуморната и посветена работа вроди со плод: Дечињата од едукативниот центар “Дрим Тим Макси”, успешно ја одржаа првата Новогодишна приредба на англиски јазик во Прилеп (ФОТО)

На 21.12.2023 во киното “Мис Стон” во Прилеп се одржа првата Новогодишна приредба на англиски јазик во градот, од страна на учениците и професорите од едукативниот центар “Дрим Тим Макси”.

Учениците преку рецитација, песна и драматизација го покажаа својот талент и своите јазични вештини во поглед на англискиот јазик.

За подготовката на точките се погрижија нивните професорки Ивана Макалоски и Симона Белокоска, кои неуморно работат со дечињата преку цела година за да ја постигнат целта, нивните ученици да говорат англиски како мајчин македонски јазик.

Приредбата беше проследена со магионичар, а Дедо Мраз им подели новогодишни пакетчиња на вредните Дрим Тим ученици.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.