“Нетпрес”: Kомандант Хоџа доби функција во Владата на Заев

Џезаир Шаќири, познат како командант Хоџа, доби место во Владата. Ова го објавува на социјалната мрежа „Фејсбук“ активистот и функционер на СДСМ, Џеват Исени, пренесуваат медиумите на албански јазик, пренесува Нетпрес.

Во моментов не е познато која функција ќе ја извршува Шаќири, но на својот „Фејсбук“ профил, Исени пишува дека премиерот Заев го одржал ветувањето.

-Само што видов дека некои портали пишуваат вест дека јас сум добил функција во Владата на Заев. Ќе се обидам да ја објаснам ситуацијата. Откако победи Заев, направивме политички договор да го ослободам Танушевци, а тој да ми даде некоја функција до него како гаранција за мојата безбедност, вели Шаќири.

Всушност, Заев направил некоја математика за да го нападне Танушевци и командат Хоџа, да го држи блиску за да нема проблеми. Со еден збор, за Заев е подобро да го има пред очи командант Хоџа отколку далеку и со проблеми, објавуваат медиумите на албански јазик.

Јас не сум направил договор со Заев за гласови. Алах ми е доволен, и она што го кажуваат другите малку важно. Јас до овој момент чекам Заев да го почитува договорот со нас. Информациите што циркулираат во медиумите чекам да ги потврди следните денови. Добро е ако Заев го испочитувал договорот, бидејќи тоа е договор од голем интерес за двете страни. Слушам некои навредливи коментари. Овој договор не е постигнат со ничии гласови, но со ризикот и мојата и храброста на некои од моите пријатели кои ми останаа верни овие десет години со оружје во раце во Танушевци, вели Шаќири.

Шакири мината година се врати во својот дом во Скопје откако последните десетина години се криел по планини како „качак“. Иако се бара за тешки кривични дела тој сеуште не е уапсен. Тој преку социјалните мрежи веше дека бил принуден да бега поради потерница од дома затоа што бил неправедно гонет од предходниот режим а сега очекува од новата власт и премиерот Заев да има еднаков третман како и сите други граѓани.

Командант Хоџа е учесник во воениот конфликт од 2001 година, ги раководеше припадниците на УЧК во Арачиново. Шакири пред две години во косовската јавност објави информации според кои припадник на службите за безбедност имал контакти со вооружената група која беше дел од нападот во кумановско Диво Насеље.

На 19 декември 2001 година, врз него е извршен атентат кај Витина, Косово, со испукување на најмалку 7 куршуми. Се верува дека атентатот е поврзан со проневера на огромна количина пари од фондот „Татковината повикува“.

Извор: netpress




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.