Нетенјаху ја прогласи победата на изборите: Успехот пристигна во екот на најголемата политичка kpиза во историјата на државата

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетенјаху вечерва ја прогласи победата над својот ривал Бени Ганц на денешните парламентарни избори, трети за помалку од година дена.

“Ова е голема победа за Израел”, напиша Нетенјаху на Твитер покрај својата фотографија на која се гледа како слави.

Судејќи по партијата на Нетенјаху има значајна предност пред партијата на Ганц. Израелските медиуми објавија дека тој веќе разговарал со сите десничарски партии и се договорил за формирање на силна национална влада што е можно побрзо.

Анкетите покажуваат дека партијата “Ликуд” освоила 36 до 37 места од 120 во Парламентот, а сојузот на Ганц 32 или 33 места.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.