Со цел да останат во форма, некои од клубовите во Европа репрезентативната пауза ја искористија за да одиграат пријателски средби.
Удинезе на Илија Несторовски играше против Чионс и забележа победа од 10:2, а прилепчанецот беше стрелец на дури 5 погодоци за својот тим.
Нестор е целосно вратен во форма, но и покрај тоа селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски, одлучи да не го повика за репрезентативните дуели против Грузија и Бугарија.
Селекторот на Македонија изјави дека Несторовски ќе добие повик кога ќе биде максимално спремен. Македонија за жал забележа два порази и заврши на третото место во својата група од Ц сегментот во Лигата на нации.