После погодокот во претходното коло против Кротоне, кога му донесе бод на својот клуб, сега погодок за три бода.
Прилепскиот виртуоз во Палермо повторно погоди за тимот од Сицилија и му донесе вредни три бода од гостувањето во Бергамо против Аталанта.
Несторовски стартуваше како единствен истурен напаѓач вечерва и прецизно стрелаше во 89-тата минута од натпреварот, при асистенција на својот балкански колега, Босанецот Мато Јајало.