Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски својата кариера најверојатно ќе ја продолжи во унгарскиот прволигаш Видеотон, пренесуваат хрватските медиуми.
Како што пишува хрватскиот “24 часа”, Несторовски во зимскиот преоден рок треба да го засили Видеотон, за трансфер вреден 400.000 евра.
Во унгарскиот тим, доколку се реализира трансферот, Несторовски би го заменил репрезентативниот колега Мирко Ивановски за кого се најавува заминување од клубот.
Несторовски изминатава полусезона одигра одлично во дресот на хрватскиот Интер Запрешиќ сместувајќи се на врвот на листата на стрелците во Хрватска со 13 постигнати погодоци.