Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски не запира да ги ниже мрежите во италијанската Калчо Лига.
На денешниот натпревар од 23-то коло во Сериа А, Несторовски го постигна својот деветти погодок, овој пат против Кротоне.
Прилепската гол-машина, или Нестор-гол како што го нарекуваат италијанските медиуми го носи целиот товар за обезбедување опстанок на неговата екипа и ги враќа надежите кај навивачите на Палермо дека екипата од Сицилија ќе се избори за опстанок оваа сезона.
Од вкупно 19 постигнати голови, речиси половина (9) ги постигна нашиот Иле, што сериозно ќе ги ангажира поголемите клубови активно да размислуваат за негов ангажман.
А.Г.