Прилепскиот бомбардер со неверојатните неколку партии во дресот на Палермо, го привлече вниманието и симпатиите на сите навивачи на клубот од Сицилија.
Момчето што на почетокот од сезоната, кога се реализираше неговиот трансфер од Интер Запрешич, кај фановите на Палермо беше познат како “Нестор-кој?”, денес е познат како “Нестор-гол”.
На денешниот ден со Илија Несторовски, што клубот го организираше во фан шоп просториите, стотици фанови чекаа за потпис и фотографија со нашиот Иле.