Прилепската гол машина Илија Несторовски продолжува да ги тресе мрежите во италијанската Калчо лига.
На гостувањето во Џенова кај Сампдориа, погодокот на Несторовски во 60-та минута повторно беше клучен за Палермо, што на крајот за жал не значеше 3 бода, бидејќи домаќините успеаа да изедначат во 95-та минута, пред последниот свиреж на судијата.
Сепак нашиот голгетер е влезен во страшна форма, која веруваме ќе продолжи да трае.
Секоја чест Иле!